Јавните набавки се уредени со строги закони и преку висок степен на транспареност се прави сериозен обид можноста за злоупотреба да бидат сведени наминимум, но и покрај тоа постои простор за подобрување на системот. Она на што треба да се фокусираат политиките и да се напават подобрувања се честите измени на плановите за јавни набавки, ниската реализација, несоодветна проценка на потребите, надворешното влијание, концентрација на јавните набавки… Политичка волја има за унапредување, како и за прифаќање на предлозите од невладиниот сектор за примена како механизми во борбата против корупцијата.

Ова беше истакнато на дебатата на тема „Дефинирање на индикатори за ризиците од корупција во јавните набавки на државните претпријатија“, на која беше претставено истражувањето спроведено од страна на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), а кое покажа сериозни слабости во процесот на спроведување на јавните набавки во акционерските друштва и јавните претпријатија основани од Владата и ЕЛС а кое според ЦГК ја наметнува потребата од промени и преземање соодветни мерки во иднина.

– Поставивме јасни столбови за борба против корупцијата и криминал преку воспсотавување махнизами за соработка помеѓу инститиуциите, која отсуствувала или била недоволна соработката со НВО, бизнис секторот, експретската фела, но преку голема политичка волја ќе работиме за искоренување на оваа појава и засилување на борбата против корупцијата во јавните набавки, порача на дебатата вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски.

Тој оцени дека јавните набавки се најранливи во однос на корупцијата, од причини што во нив се вклучени огромни средства и управувањето со нив е важно за обезбедување конкурентност, а истражувањата што се спроведуваат, како ова, се повеќе од добредојдени во нивните акивности.

Николовски изрази подготвеност сите насоки што ќе произлезат од следните активности да направат напори да ги инкорпорираат во активностите и во подобрување на работата на јавните претпријатија и сите институции.

– Во овој процес се потребни сите чинители, особено невладиниот сектор со своите истражувања, особео со заклучоците. Она на што треба да се фоксуираме тоа се честитите измени на плановите на јавните набавки, ниската реализација, несоодветната проценка на потребите, надворешното влијание за тоа што ќе се набавува, договарање на фирмите, концентрација на јавните набавки, непочитување на законските рокови, а загрижува и високиот процент на постапките со преговоарање без објавување оглас кои треба да се наш приоритет, истакна Николовски.

Според него, треба многу работа, многу посветеност, многу промени, а од добиените информации има огромен простор да се подобри работата во јавните претпријатија со цел да се намали можноста за корупција, особено во оние каде е основач Владата, Градот Скопје, општините, кои се институции кои располагаат со парите на граѓаните.

За градначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, институција која годишно спроведува 200, а заедно со претпријатијата под нивна ингеренција и до 1000 постапки, одговорноста да се управува системот на јавни набавки е огромна, без разлика што се набавува.

– Јавните набавки се сфера која е уредена со строги закони, и преку висок степен на транспрарентност прават сериозен обид можноста за злоупотреби да бидат сведени на минимум, но и покрај сето ова постои простор за подобрување на овој систем. Меѓутоа многу побитно за мене е дека кај нас постои сериозна политичка волја да се искорени или да се сведе на миниму или целосно можноста за корупција во постапките за јавни набавки, рече Шилегов.

Тој додаде дека големи се ризиците од корупцијата и покрај фактот што транспарентноста во трошењето во изминатите три години е на повисоко ниво, од пред неговото доаѓање на оваа функција.

Според него, заедничка обврска е што е можно попрецизно да се детектират слабостите во овој систем, бидејќи лошата проценка ги зголемува трошоците и го намалува квалитетот. – Неопходно е да направиме анализи кои ќе бидат искористени за градење кадровски капацитети, во јавните претпријатија и во градот, кадровски капацитети што би се реализирале преку обуки и работилници и одржливи механизми за квалитетно спроведени јавни набавки кои го подобруваат квалитетот на живеење на граѓаните, истакна Шилегов.

Слабости во спроведени јавни набавки се утврдени и при извршени ревизии од страна на Државниот завод за ревизија, а укажувањата на дебата ги изнесе главниот државен ревизор Максим Ацевски.

– Мора да има јасни ставови во подигање на јавната свест од потребата за спречување на корупцијата во јавните набавки, да се обезедат доволно финансиски и човечки ресурси во справуање со корупцијата, соодветна организациска поставеност, пропишани јасни процедри, компетентна администрација, истака Ацевски.

Според него, потребно е соодветна поставеноста на одделението за финансиски прашња, за јавни набавки и ревизија, бидејќи истражувањата покажале оти немаме соодветно систематизирање на организационите единици и несоодветно пополнување со човечки ресурси.

Понтаму забележително е дека многу долго време остануваат исти личности вклучени на високи позиции во делот на јавните набавки и порача дека треба да има ротација, бидејќи со долгото останување на одредена позиција може да подлегне на притисоци.

Според Ацевски, значјно е да се врши унапредување на знаењето на вклучените, преку обуки, како и формирање ревизорски одбор.

Тој информира дека Државниот завод за ревизија чувствувајќи потреба за испитување на интегритетот во јавнито сектор спроведе активности во 174 институции, од кои 90 се буџетски корисници, меѓу кои фондовите за пензиско и за здравствено и Агенцијата за вработување, како и 81 општина, а биле опфатени политики и интерни акти, управување со човечки ресурси, алатки за борба против корупцијата, начинот на поставување на внатрешната ревизија, управуање со јавни средства, доделување набавки.

По истржувањето ЦГК предлага 15 индикатори, а идејата е да се постават со цел на еден континуиран, систематизиран и мерлив начин да се следи појавување на корпуцијата и да се овозможи да се превенира појава на корупција и полесно да се идентификуваат такви ситуации.

Индикаторите се однесуваат за сие процеси на јавна набавка од креирање на планови, заклучно со реализација на договорите.

Во истражувањето се опфатени 37 акционерски друштва и претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга, кои во 2019 година, склучиле договори за јавни набавки во вредност од 247 милиони евра, што е 27 отсто од вкупните јавни набавки на земјата.

Истражувањето покажува дека се констатирани се ризици од корупција манифестирани преку чести и значајни измени на плановите за јавни набавки, како и преку ниската реализација на плановитем е доставување по една понуда, договарање на фирмите со цел една на друга да си го препуштат добивањето на тендерот, концентрацијата на јавните набавки кај одредена компанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/11/2020 18:48