Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода и Ѓорче Петров и селото Јурумлери, информираат од РЦУК Скопје.

Без електрична енергија, во период од 08:30 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од улица „Славчо Стојменов", општина Кисела Вода. Во период од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Борис Сарафов", „Панајот Гиновски", „Александар Македонски", „Андреј Зограф", „Ѓорче Петров" и „4 Јули", во општина Ѓорче Петров.

Од 09:20 до 12:20 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улица 19 и улица 38 во село Јурумлери.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2020 11:36