Британската полиција уапсила 69 албански државјани при обид илегално да влезат на терторија на земјата со рибарски брод, пренесуваат албанските медиуми.

Рибарскиот брод отповил од Остенд, Белгија а се закотвил во источнот дел на британскот брег кај Хареич, вчера во утринските часови а во него имало 72 лица.

Тројца членови на екипажот, двајца украински и еден летонски државјанин се уапсени под обвинение за обезбедување нелегална имиграција, додека станатите 69 лица, сите албански државјани, биле уапсени под сомнение за кршење на законот за имиграција.

– Јасно е дека станува збор за сериозен инцидент и сериозен обид за кршење на границите на Велика Британија. Работејќи со нашите партнери, решени сме да сториме се што можеме за да ги разбиеме криминалните мрежи за шверц на луѓе и да ги спречиме да ги искористуваат мигрантите заради профит,изјавиле од биртанската полиција.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/11/2020 13:48