Вториот светски рекет Рафаел Надал, синоќа на завршниот АТП турнир во Лондон го победи минатогодишниот шампион Стефанос Циципас (6:4, 4:6, 6:2) и се пласираше во полуфиналето.

Шпанецот по десетти пат е дел од завршниот турнир, а по шести пат ја минува групата. Последен пат тој успеа да ја помине групната фаза во 2015 година.

Во полуфиналето Надал ќе игра со Данил Медведев од Русија.

Во меѓусебните мечеви 20-кратниот Грен слем шампион води со 3-0. Минатата година тој се соочи со Медведев во групната фаза и се врати по спасена меч топка и 1-5 во третиот сет.

Дуелот ќе Надал – Медвдев ќе се игра утре.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/11/2020 11:04