Прекин во водоснабдување в недела од 8 часот ќе имаат корисниците од улиците „Стив Наумов", „Славе Георгиевски – Шнајдерот", „Тетовска" и дел од улицата „Пролет" во Општина Центар.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација" – Скопје, прекинот е поради уличен дефект Ф-80мм на раскрсницата на улицата „Стив Наумов" со „Славе Георгиевски – Шнајдерот".
Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.