Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат дел од жителите од населбите Маџари и Хиподром и селото Трубарево.
Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека корисниците ќе бидат без водоснабдување поради промена на прв вентил на улицата „Жан Жорес“, број 9а во Маџари.
Корисниците ќе бидат без вода од 10:00 часот се до завршување на интервенцијата.