Прекин во водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улицата „Мирослав Крлежа“ на потегот од булеварот „Свети Климент Охридски“ до улицата „Аминта Трети“ во Општина Центар.

Како што соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“, прекинот е поради дефект на улицата „Мирослав Крлежа“, број 18.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/11/2020 14:59