Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Чучер Сандево, соопштуваат од РЦУК – Скопје.
Во периодот од 08:30 до 15:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Козара" парните броеви 16, 18, 18а, 20, 22, 22а, и 26, повремени прекини ќе имаат корисниците од оваа улица со непарни броеви 11, 13, 13а, 5а, 23, 25, 25а, 27, и 27а, општина Центар.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од селата Танушевци Малино и Брест, општина Чучер Сандево.