Општина Кисела Вода во соработка со социјалното претпријатие кое нуди професионален сервис за грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови „Нега плус“, основано од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – Хера, ќе организира обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

Заинтересираните за посета на обуката, потребно е да се пријават најдоцна до 1 декември 2020 година кај одговорните лица за спроведување на проектот, на мејловите: ana.gjuroska@kiselavoda.gov.mk , simon.toshanov@kiselavoda.gov.mk и на телефонските броеви: 071/391-167 Ана Ѓуроска , 070/683-810 Симон Тошанов. Условите кои треба да ги исполнуваат кандидатите се наведени во конкурсот објавен вчера на веб страницата на Општината. Лицата кои ќе ја посетуваат обуката ќе се стекнат со верификуван сертификат.

Обуката ќе се реализира, во рамки на проектот за финансирање на развој на социјални услуги за помош и нега во домовите на жителите на општина Кисела Вода. Проектот доби поддршка од Министерството за труд и социјална политика и Светска банка.

По завршувањето на обуката, ќе започне да се реализира петгодишниот договор за подобрување на социјалните услуги, кој неодамна го потпишаа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/11/2020 13:10