Глумицата Кејт Хадсон во последното интервју, говорејќи за своето родителство, се опиша себеси како строга мајка која бара убаво однесување и манири од своите деца.

Таа и нејзиниот партнер Дени Фуџикава ја имаат двегодишна ќерка Рени Роуз, а од претходните врски, Кејт ги има синовите Бингам Хон (9) и Рајдер Расел (16). Според нејзините кажувања, строгиот начин на воспитување што го води го изненадило целото нејзино семејство.

– Начинот на кој живеат моите деца е нешто што треба строго да се почитува. Нема преговори за тоа со моите деца, околу работите за коишто сум строга и ги држам под контрола, вели Кејт.

Таа вели дека оваа нејзина „стратегија“ се покажува ефикасна.

– Она што го сфатив е, дека кога ќе поставите некои правила во куќата, нема да треба да преговарате за ништо. Кога ќе кажам дека е „точка“, муабетот завршува тука!, заклучува Кејт.

Мајката на три деца, сепак, им дава простор на своите малечки „да прават грешки“, а што се однесува до начинот на родителство што го имаат другите луѓе, таа вели дека не им суди на другите мајки и татковци.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/11/2020 22:45