Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците од улиците „Жил Верн“, „Есенинова“ и улица „Јордан Филиповски“ во населбата Кисела Вода.

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради реконструкција на водоводна мрежа на улица „Жил Верн“, број 3.

Корисниците ќе бидат без вода од 10:30 часот се до завршување на реконструкцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/11/2020 13:29