Доајенот на Хрватската телевизија и творец на легендарната „Квискотека“, Лазо Голужа, почина на 85-годишна возраст.
Ова за 24сата.хр го потврди неговиот син Доминик Голужа.
Легендарниот новинар и уредник дипломирал компаративна литература и италијански јазик на Филозофскиот факултет во Загреб, а по студирањето со Паја Канжчај го основал списанието „Парадокс“.
Најголем придонес даде во областа на квизовите, а неговиот најпознат проект беше „Квискотека“, која првпат се емитуваше во 1979 година, а водител беше Оливер Млакар