Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер во 20.45 часот ќе се сретнат со словенечкиот претставник во Лига Европа, Тримо Требње.

Битолчани во Љубљана пристигнаа со поголем оптимизам за успех и најавија први гостински бодови против тимот во кој што доминираат словенечки ракометари и интернационалците Рашо од Србија, Хамидовиќ од Босна и Херцеговина и Сарак од Турција.

Средбата меѓу Тримо Требње и Еурофарм Пелистер ќе се одигра во спортскиот центар „Тиволи“ во Љубљана, а ќе ја водат хрватските судии Циндриќ и Гонжурек.

Во рамки на групата „Д“ синоќа во Унгарија се одигра натпреварот меѓу Татабања и Рајн-Некар Левен, а поуспешни беа гостите со 32:26.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2020 11:00