На 30.11.2020 во 20.10 часот на ул.„Љуботенска“ во Тетово инспектори од Одделот за криминалистичка полиција Тетово, го приведоа Ј.Ј.(22) од Тетово, поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Имено, при извршен преглед од страна на полициските службеници, кај Ј.Ј. била пронајдена марихуана. Лицето е задржано во Полициска станица Тетово за документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.