Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаја уште еден пораз во ракометната Лига Европа, овој пат од Тримо Требње со 28:24, полувреме 14:12.

Битолчани оптимистички отпатуваа во Словенија, но оптимизмот траеше само 15 минути од натпреварот кога имаа водство од 5:4, додека во останатиот дел од средбата словенечкиот претставник во Лига Европа беше подобар и на крајот победи со 28:24.

Најдобар поединец на средбата во спортскиот центар „Тиволи“ – Љубљана беше домашниот голман Томиќ кој регистрира 16 успешни интервенции, а најефикасни беа Сарак кај Тримо Требње и Мандалиниќ кај Еурофарм Пелистер со по 5 постигнати голови.

Натпреварите од групата „Д“ продолжуваат на 8 декември, а во Битола повторно ќе се сретнат Еурофарм Пелистер и Тримо Требње.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/12/2020 23:02