Националната установа Конзерваторски центар Гостивар на пригоден начин со мал број гости одбележа десет години од почетокот со работа.

Зборови на поддршка и пофалби дојдоа и од заменик министерот за култура, Седат Сулејмани. Тој во обраќањето најави продолжување на соработката со оваа институција.

– Тука се направени важни проекти и нашата поддршка ќе биде безрезервна и понатаму. Морам д го истакнам и проектот кој е во тек; изработка на дигитална мапа со археолошките локалитети во гостиварскиот регион, која единствена од таков тип, рече Сулејмани.

Вршителката на должноста директор на НУ Конзерваторски центар Гостивар, Хирије Саити на церемонијата истакна дека изминативе години како институција имале мисија чија примарна задача е да го зачуваат културното и историското наследство за идните генерација.

– Изминативе десет години завршивме многу работа, реализиравме голем број на проекти, сето ова не би било можно без посветеност на вработените во Центарот кои професионално ја извршуваат секоја задача. Но, ова е само почеток, имаме многу работа и многу проекти пред нас. Нема да дозволиме ниту еден предмет од културното наследство да биде уништен, нема да дозволиме да се случи тоа што им се случи на повеќе објекти во минатото. Гаранција за тоа е оваа институцијата, рече Саити.

Потсетување на почетоците и првите работни денови, сподели еден од првите директори на НУКЦГ Аднан Фејзулаи кој најдолго раководеше со институцијата.

По повод јубилејот беше организирана изложба на фотографии и видео проекција од реализирани проекти, а на поранешните раководители и потпомагачи им беа доделени признанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/12/2020 21:30