Хрватска со триумф го отвори Европското првенство за ракомет во женска конкуренција, додека Франција славеше над Црна Гора.

Хрватските ракометарки во возбудлив натпревар славеа над фаворитот Унгарија во првото коло од Ц-групата со 24:22 (12:12).

Во премиерниот натпревар од А-групата, Црна Гора во последните десет минути го испушти водството кое го имаше во текот на натпреварот за конечни 24:23 (11:12) за Франција.

Вториот натпревар од А-групата меѓу Холандија и Србија е презакажан за в сабота поради позитивни ракометарки на коронавирус во српската репрезентација.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2020 00:33