Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ја освои пол-позицијата за трката во Формула 1 за Големата награда на Сахир.

Од втората позиција, веднаш зад Ботас ќе стартува замената за Луис Хамилтон, Џорџ Расел, исто така во болидот на Мерцедес.

Од 3.-10. позиција ќе се најдат: Макс Верстапен (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Серхио Перез (Рејсинг Поинт), Данил Квјат (АлфаТаури), Даниел Рикардо (Рено), Карлос Сајн (Мекларен), Пјер Гасли (АлфаТаури) и Ленс Строл (Рејсинг Поинт).

Главната трка за ГН на Сахир ќе се вози во Бахреин утре со почеток во 18:10 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2020 01:12