Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, рече дека тимот може да му обезбеди болид на возачот на Хас, Ромен Грожан, за неговите проштални тестови во Формула 1, доколку Французинот нема време да закрепне за Гран прито во Абу Даби.

Грожан ќе го нема утре на Гран при на Сахир во Бахреин по тешката несреќа минатата недела. Трката во Абу Даби ќе биде последна за него во Ф1, но пилотот не е сигурен дали ќе може да учествува на истата.

– Ако се тркам во Абу Даби, тоа ќе биде убава приказна. Ако не, ќе ги повикам сите тимови во Формула 1, можеби некој ќе ми понуди приватни тестови во јануари или нешто слично за да можам да возам 10-15 круга за себе, истакна Грожан.

Волф рече дека Мерцедес е подготвен да му обезбеди болид на Ромен: „Ако ни е дозволено, и ако тимовите за кои тој настапуваше не му ја дадат таа можност, тогаш ние ќе го направиме тоа“.

Пред Хас, Грожан возеше за Рено и Лотус.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2020 01:15