Во заостанатиот натпревар од Ц-групата на Европското женско ракометно првенство, Србија приреди големо изненадување совладувајќи го актуелниот светски првак Холандија со 29:25 (9:15).

Србија стигна до сензационална победа, и покрај ослабениот состав поради позитивни ракометарки на коронавирус, успевајќи да се врати од негативата од минус шест голови на полувремето. Холандија предноста ја задржа до средина на вториот дел (22:16), кога Србија влезе во фуриозна завршница со серија од 7-0.

Најзаслужна за победата беше Катарина Крпеж – Шлезак со дури 11 голови, а на голот извонредно бранеше Јована Рисовиќ.

А-група

Чешка-Русија 22:24 (13:15)

Шпанија – Шведска 23:23 (13:10)

Табела: Русија 4, Шведска 3, Русија 1, Чешка 0.

Ц-група Холандија – Србија 25:29 (15:9)

Табела: Србија 2, Холандија 2, Унгарија 0, Холандија 0.

Д-група

Полска – Романија 24:28 (15:11)

Германија – Норвешка 23:42 (14:22)

Табела: Норвешка 4, Германија 2, Романија 2, Полска 0.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2020 11:46