Прославениот фолкер Џеј Рамадановски почина денес на 56-годишна возраст, јави дописиникот на МИА од Белград.

Според медиумите Џеј Рамадановски почина како резултат на проблеми со срцето, по неуспешните обиди на Итната медицинска помош.

Во неодамнешното интервју, Џеј изјави дека е во строг карантин поради неговите здравствени проблеми и дека коронавирусот би бил фатален за него.

Роден е во големото семејство на чевлари на Мазлам и Барија Рамадановски како единствено машко дете. Семејството Рамадановски потекнува од општина Ресен во Северна Македонија.

Првите години од својот живот ги помиува на Дорчол во Белград. По разводот на неговите родители, живее извесно време со неговата баба по мајка, а потоа, поради неговата склоност кон малолетничка деликвенција до полнолетството сместен е во домовите за воспитување на деца и млади.

Во тоа време, со музика се занимава аматерски.

По запознавањето со Марина Туцаковиќ, Рамадановски го прави првиот сериозен чекор во музиката. Со песната „Зарем јас да ти ги бришам солзите“, тој учествува на фестивалот МЕСАМ во 1987 година и го освојува второто место.

Во текот на 90-тите години, Џеј Рамадановски беше популарен низ цела поранешна Југославија, особено во Србија, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Додека беше на врвот на својата популарност, имаше турнеи и во странство (во Германија, Шведска, Канада, САД)

Џеј се појави и во филмот „Ајде да се сакаме 2“ од 1989 година, каде изведуваше една од неговите тогаш популарни песни „Дали се согласуваш“. На Гранд фестивалот во 2008 година го освои второто место со песната „Да се има, па да се нема“.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/12/2020 17:14