Во велешко во текот на вчерашниот ден се случија три сообраќајќи несреќи во кои има повредени неколку лица.
Во сообраќајната несреќа што се случи вчеравечер во 18:25 минути во месноста Долги рид пред Чашка повредени се две лица. Како што информира за МИА д-р Василка Пановска Поп Стефанова началник на Брза помош, во сообраќајката 64-годишен маж се здобил со повреди на глава, колено и надлактицата, а лесно повреден е и маж на 60 години. По укажаната прва помош од екипата на Брза помош тие биле пренесени во хурушки амбуланти на велешката болница. Според информациите на д-р Весна Неделкова Николова по укажаната помош тие се оставени на посматрање 24 часа во велешката болница.
Вчеравечер имало уште една сообраќајка меѓу две возила на стариот пат Велес-Градско кај Винарија „Стоби" потврди за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Началникот на Брза Помош д-р Пановска Поп Стефанова инфоррмира дека во судир на две возила има тројца повредени од двете возила, жена, маж и младо момче на 25 години.
-Жената е потешко повредена, со отворена повреда на глава и повреда на граден кош, мажот бил со болка во градите, а младото момче со крварење од нос и мала градна болка. По укажаната лекарска помош на лице место, тие итно се префрлени во Хирушката амбуланта на велешката болница, изјави д-р Пановска Поп Стефанова.
Портпаролот на болницата д-р Неделковска Николава информира дека овие тројца пациенти се уште се на испитувања и снимања во велешката болница.
Инаку вчера во 11:30 часот имало сообраќајка на патот Катланово-Велес. Како што информира д-р Пановска Поп Стефанова во оваа сообраќајка имало поврeден маж на 64 години со повреди на клучна коска и надлактица. Повредениот бил во свесна состојба и по укажаната прва помош итно бил пренесен во Хирургија во велешката болница на понатамошно лекување.