Американката Софија Кенин (22) е прогласена за тенисерка на годината во избор на ВТА.

Кенин, која во моментов е четврторангирана во светот, на почетокот на оваа година го освои својот прв „грен-слем“ турнир во кариерата, триумфирајќи на Австралија Опен, додека во завршницата на сезоната стигна и до финалето на Ролан Гарос.

За тенисерка, која најмногу напредуваше во 2020 година е прогласена токму победничката на Ролан Гарос, Ига Свијатек од Полска.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/12/2020 21:49