Кавадарчанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од две повозрасни лица, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Додевски појасни дека инцидентот бил пријавен завчера во 21 часот во Полициската станица Кавадарци, а се случил ден претходно. Пријавителот има 34 години, а лицата кои ги пријавил дека физички го нападнале, се на 57 и 61 годишна возраст.
Додевски рече дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.