Фејсбук, Инстаграм и Месинџер се урнаа утрово. Според „Даун детектор“, проблемите започнале околу 9 часот наутро и ги погодиле корисниците ширум Велика Британија и Европа.

Но, се чини дека најзасегнати се западна и централна Европа.

Причината за проблемите засега останува нејасна. Од оние кои пријавиле проблем, 80 отсто рекле дека не добиваат пораки, додека 20 отсто – оти не можат да се најават.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2020 15:09