Ракометната федерација на Македонија (РФМ) за 31 јануари следната година закажа редовно изборно Собрание.

– Дневниот ред и дополнителни материјали за одржување на седницата на Собранието ќе бидат доставени до сите делегати согласно рокот предвиден со Статутот, соопшти РФМ.

Актуелниот претседател на Федерацијата Живко Мукаетов во февруари 2017 година акламативно беше реизбран на раководната должност.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/12/2020 21:31