Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против две лица од Кочани, кои на јавен простор пред куќата организирале прослава.
Пријавата е поднесена поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Од МВР информираат дека се работи за Д.П. (22) и Г.П. (44) од Кочани, кои на 25/26 ноември на улицата „Стамен Манов“, најпрво на терасата во својот дом, а потоа и на јавен простор пред куќата организирале прослава, каде биле присутни поголем број лица.