Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на општина Центар изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за минување на затворен сигнал(црвено светло) и осум мерки за возење под дејство на алкохол...
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.