Во СВР Скопје вчера околу 17:00 часот било пријавено дека на подрачје на Карпош, додека М. Ј. (60), С. Ј. (28) двајцата од село Волково,скопско и М. П. (53) од Скопје биле застанати на семафор со патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, поради недоразбирање во сообраќајот биле физички нападнати од четири лица кои биле со патничко моторно возило„мерцедес“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу 12.:0 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Македонски Пошти-Пошта 2 во Скопје поради недоразбирање во сообраќајот дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу Р. К. (38) од Скопје и В. С. (47) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2020 02:49