Единица за недозволена трговија при СВР Скопје, поднесе кривична пријава против А. Д. (51) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека неовластено набавила, поседувала и носела огнено оружје пиштол, со намера истото да го препродаде, со што сторила кривично дело „Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Од МВР информираат дека на 09.12.2020 околу 13:00 часот по претходно добиени сознанија на бензинска пумпа на улица „Александар Македонски“, полициски службеници извршиле легитимирање и претрес на пријавената, при што кај неа пронашле пиштол „црвена застава М88“ кал. 9 мм со една рамка со 5 куршуми и една празна рамка, по што пријавената појаснила дека пиштолот го купила од лице од Штип за 300 евра, со намера да го препродаде. Од извршеното вештачење на одземениот пиштол утврдено е дека истиот бил предмет на кривично дело, односно е пријавен за украден.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2020 02:51