Британскиот „тешкаш“ Ентони Џошуа (31) ја одбрани титулата светски првак, нокаутирајќи го бугарскиот предизвикувач Кубрат Пулет (39) во присуство на публика во лондонската ССЕ Арена.

Џошуа доминираше во текот на целиот меч, задавајќи му на Пулев мноштво силни и прецизни удари, ескивирајќи ги притоа неколкуте случајни удари со кои бугарскиот боксер се обидуваше да го изненади Британецот.

Борбата заврши во деветата рунда, кога Џошуа со серија прецизни аперкати повторно го разниша Пулев, а потоа со десен директ го испрати на подот во лондонската Арена.

За Џошуа тоа беше 24 победа во неговата 25 професионална борба во рингот, додека Пулев го претрпе вториот пораз во кариерата и прв од 2014 година кога беше нокаутиран од легендарниот Владимир Кличко.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/12/2020 12:03