Американската скијачка Микела Шифрин победи на денешниот велеслалом во Светскиот куп во францускиот центар Куршевил, искачувајќи се на победничкиот пиедестал за првпат од јануари годинава.

Шифрин ја мина целта со предност од 82 стотинки пред второпласираната Федерика Брињоне од Италија, додека третопласираната Теса Ворле од Франција заостана повеќе од една минута.

За Шифрин ова беше нејзина 67. победа во Светскиот куп со што се израмни со Австриецот Марсел Хиршер на третото место, зад нејзината сонародничка Линдзи Вон (82) и легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк со 86 победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2020 21:25