Ентони Џошуа и Тајсон Фјури ќе ги вкрстат ракавиците за обединување на титулите во тешка категорија, а боксерскиот спектакл ќе има награден фонд од фантастични 500 милиони фунти, јавија денеска британските медиуми.

Според истите извори, менаџерите на двајцата боксери, Еди Хорн и Боб Арум, седнуваат на преговарачка маса за да ги прецизираат сите детали, но речиси е извесно дека Џошуа и Фјури два пати ќе ги вкрстат ракавиците.

Првиот меч би требало да се одржи во Саудиска Арабија, Абу Даби или Катар, со награден фонд од 200 милиони фунти, додека реваншот би бил во Лондон со фонд од 300 милиони фунти.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2020 21:45