Алжирскиот тенисер Ајмен Иклеф предвреме ја заврши својата кариера, откако денеска доби доживотна суспензија поради местење натпревари.

Одборот за интегритет во тенисот со седиште во Лондон соопшти дека Алжирецот десетпати го прекршил тенискиот Кодекс против корупција, вклучувајќи и четири случаи на местење натпревари.

Одредена му е и парична казна во износ од 100.000 долари.

Иклеф, чиј најдобар пласман на АТП ранг-листата беше 1.739 место, е вториот тенисер суспендиран доживотно во последните две недели, откако истата казна за местење натпревари на 4 декември му беше изречена и на украинскиот тенисер Станислав Поплавскиј.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/12/2020 22:35