На 14.12.2020 во 18.20 часот на подрачје на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Џ.(41) од Скопје, бидејќи кај него е пронајдена марихуана, односно поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во прометна наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/12/2020 11:58