Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Карпош изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои 23 за возење без возачка дозвола, 18 санкции за нерегистрирани возила, 11 санкции за користење мобилен телефон, 8 мерки за управување под дејство на алкохол, 7 за технички неисправни возила, 11 мерки за недавање на првенство на минување на пешаци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.