Канадската полиција ги пронајде и заплени вредните хокеарски реквизити на легендарниот Канаѓанец Вејн Грецки, што беа украдени од домот на неговиот татко Волтер, во градот Брентфорд, во покраината Онтарио.

Веста денеска се појави на официјалниот интернет сајт на Националната американско – канадска хокеарска лига (nhl.com).

Во заедничка акција на локалните и државните полициски сили се пронајдени хокеарски палки, ракавици, дресови и награда за играч на година, чија вкупна вредност е проценета на повеќе од 500.000 долари.

Во полициската акција се упасени маж и жена, кои се обвинети за кражба и измама.

-Во име на семејството им благодарам на сите полициски службеници за се што направија во рамки на оваа истрага. Исклучително ја цениме нивната професионалност, труд и искажаната поддршка, изјави братот на Вејн, Глен, во име на семејството Грецки.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/12/2020 21:39