Три физички напади во Кавадарци се евидентирани вчера, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
– Вчера во ОВР Кавадарци, Т.С.(53) пријавил дека на 06.12.2020 околу 19.45 часот бил физички нападнат од Ј.М.(61) пред неговата куќа. Во 14.25 часот, К.С.(45) пријавил дека околу 13.40 часот бил физички нападат од Д.Н.(53). Во 17.30 часот во Полициската станица Кавадарци, Д.Н.(53) од Скопје пријавил дека околу 15.30 часот во Кавадарци бил физички нападнат од К.С.(45), истакна Додевски.
Тој додаде дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.