Општина Аеродром го промовира проектот „Интегрирано пливање за децата со попреченост од основните училишта од Аеродром“ што се одржа во спа-центарот во кулите Џевахир.

Општина Аеродром е прва општина што го воведе овој проект за помош и поддршка на учениците со попреченост со кој им се овозможува изведување пливачки активности на оваа категорија деца. Проектот е наменет за ученици од прво до трето одделение, за кои се обезбедени два термина од по еден час со посебен инструктор за секое дете.

„Во услови на пандемија, многу е важна поддршката што им ја даваме на овие деца, кои преку пливањето и учењето на пливачките техники ја подобруваат својата психофизичка состојба и полесно се вклучуваат во општеството“, изјави градоначалникот Марин.

Неодамна Советот на Општината со ребалансот на буџетот за 2020 година изгласа доделување на 260 000 денари за оваа намена.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2020 12:54