Женскиот младински хор при МКЦ денеска ќе биде дел од големиот онлајн-концерт на Меѓународниот фестивал во Индија, каде ќе учествуваат и хорови од уште 22 други земји.

Како што соопштија од МКЦ, женскиот младински хор при МКЦ реализираше видеоснимка на композиција од македонски автор со која учествуваше во прелиминарната рунда од светскиот хорски натпревар.

Концертот ќе биде емитуван во 12:30 часот по централноевропско време, на следниот линк ICCR’s International Choral Festival & Competition.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/12/2020 14:58