Со почеток во 12 часот од паркингот на Веро Тафталиџе ќе се одржи протестно возење кое ќе заврши пред зградата на Основен Суд во Скопје против неказнивоста на сторителите на тешки дела во сообраќајот.
Пред судот ќе биде прочитана заедничка изјава поддржана од сите мото клубови и поединци во Македонија како и Мотоциклистичката Федерација на Македонија.
Во 12.30 пред Судот ќе биде и Наташа, сопругата на Гоце.