Во четврток, 24.12.2020 година, Општина Карпош ќе спроведе Јавна расправа со граѓани, жители на Карпош, во врска со изведување на реконструкции на четири улици во Карпош 1 и Карпош 2. Станува збор за улиците.„Шекспирова“ (Карпош 2), „Гиго Михајловски“,„Иван Аговски и „Мирка Гинова“ (Карпош 1). Јавната расправа ќе се одржи ONLINE, преку zoom платформата.
Во почетната фаза, планирано е зголемено учество на јавноста, на жителите кои живеат во околината на овие улици, што значи дека ќе може да даваат сугестии, коментари и предлози околу реконструкцијата на истите.
Инаку, за обновата на овие улици, Советот на Општина Карпош донесе одлука за давање согласност за долгорочно домашно задолжување на Општина Карпош во рамки на Вториот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП 2). Овој проект се спроведува преку Министерството за финансии финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој - Светска Банка.