Судија во американската држава Мичиген пресуди во корист на 42-годишен маж кој побарал од своите родители да платат отштета затоа што му ги уништиле филмовите за возрасни.

Дејвид Веркинг, кој живеел со неговите родители откако се развел, ги тужел затоа што ја уништиле неговата колекција на прно филмови, за која тврди дека вреди 25.000 американски долари.

Неговите родители му рекле да не носи такви филмови во куќата.

Но, судијата пресуди дека тие немаат право да фрлаат филмови во сопственост на нивниот син.

Веркинг живееше со неговите родители во Гранд Хевен, Мичиген, 10 месеци откако се разведе и се исели од куќата во која живеел со неговата сопруга.

Тој се исели во 2017 година и сега живее во Индијана.

Веркинг рече дека оставил голема и „незаменлива“ колекција списанија и филмови во куќата на неговите родители кога првично се иселил, а подоцна сфатил дека повеќе ги нема, објави весникот „Холанд Сентинел“.

Неговите родители рекле дека не сакаат да му помогнат и да ги пренесат тие работи во Индијана, па ги фрлиле. Потоа Веркинг поднесе тужба во која тврди дека предметите биле уништени во април 2019 година.

Е-поштата што Веркинг ја разменил со неговиот татко покажува дека биле уништени 12 кутии полни со порно филмови и две кутии со секс играчки.

Веркин рече дека во кутиите имало и 1.600 ДВД и касети. Во еден имејл, таткото му напишал на Веркинг дека му направил услуга затоа што се ослободил од „тие работи“.

По изрекувањето на пресудата, адвокатот кој ги застапувал родителите изјавил дека работи на утврдување на штетата за која ангажирал експерт од Музејот за еротско наследство во Невада.

Семејството Веркинг мора да ги плати судските трошоци до средината на февруари.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/12/2020 22:47