Слоу Фуд Македонија денеска на ZOOM платформата и на Facebook ќе го промовира првото издание на списанието „Полжавче“.

-Семето на минатото е цвет на иднината. Оваа оваа мисла најдлабоко ја покажува суштината на Слоу Фуд, но и на новото списание „Полжавче“. Создавањето на ова списание е сеење на семето на љубовта за од него да никнат вистински луѓе што веруваат во вистинските вредности за добра, чиста и правична храна, луѓе што ќе знаат да произведат таква храна, да ја подготват, да ја споделат и да знаат дека храната е и задоволување на физичките потреби, но и култура на живеење, традиција, естетика, задоволство и љубов, велат од Слоу Фуд.

„Полжавче“, додаваат, им се обраќа на наставниците, на координаторите на училишните градини, на сите оние што веруваат во мисијата и во важноста на училишните активности на Слоу Фуд Македонија, на родителите и на сите оние на кои им е важна среќата на децата, па оттука на еден или на друг начин, директно или индиректно „Полжавче“ постои за иднината на овој свет-за децата.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2020 10:57