Без вода денеска ќе останат корисниците на бул.„Јане Сандански“ зградите 24 и 26 и комплексот банки поради дефект на шибер ф 100 мм на бул.„Јане Сандански“ до ТЦ Бисер.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот ќе трае од 09:00 часот па се до санирање на дефектот.