Општина Кисела Вода започна со уредување на паркот „Пушкин“ и според планот комплетно хортикултурно ќе биде завршен до почетокот на пролетта.

Во моментов, како што информираат од општината, во паркот кој е со површина од 1.148 м2 се поставува автоматски систем за наводнување на зеленило. Во паркот ќе бидат засадени трева, јавори и црвени сливи.

Со овие зафати, Општината ќе го зголеми зеленилото, а на жителите ќе им направи поубаво место за дружење и уживање.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/12/2020 12:14