Корисниците на дел од улицата „Лазар Личеноски” во Скопје од 9.00 часот немаат вода поради уличен дефект Ф – 100.
Како што соопшти РЦУК, дефектот е на улицата „Лазар Личеноски” до спортската сала Кале.
Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.