Принцот Хари и неговата сопруга Меган Маркл, како што пренесува британски „Сан“, имаат намера од врвот на кралското семејство да побараат продолжување на преодниот рок за напушањето на кралските должности.
Преодниот рок истекува на 31 март 2021 година.
Неименуван извор за таблоидот навестил повеќе „пријателски видеоповици“ од двојката кон повозрасни членови на кралското семејство. Во средиштето на разговорите, наводно, ќе бидат должностите кои принцот не сака да ги изгуби, односно „настојува да ги задржи“, како што се воените титули.
Двојката најверојатно сака, заедно со нивниот син Арчи Харисон, да присуствува и на претстојниот 95. роденден на кралицата, на 21 април идната година, како и на 100. роденден на принц Филип и на 60-годишнината од раѓањето на принцезата Дијана – мајката на принцот Хари, на 1 јули.
Според кралскиот биограф Ендрју Мортон, односите меѓу принцот Хари и кралицата веќе се поблиски отколку во некои периоди во минатото, и тие сега сѐ почесто се гледаат на Зум.