Глумецот Шаја Лабјуф е исфрлен од хорор-трилерот „Не грижи се, драга“ (Don’t Worry, Darling) поради „нултата толеранција кон г**нари“ на режисерката Оливија Вајлд.
Како што пренесува „Варајети“, Лабјуф бил отпуштен од филмскиот прооект поради тужбата против него покрената од поранешната девојка, пејачката Талија Барнет, позната како ФКА Твигс, која го обвинува глумецот за напад, сексуална злоупотреба и насилни односи во врската.
Според обвинението, несаканите настани траеле скоро една година во 2018 и 2019 година.
Eдeн oд нив е и наводната закана од негова страна за намерен судир со возилото в пустина.