Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат анализите од примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 38 мерни места во главниот град.
Од јавното претпријатие „Водовод и канализација" информираат дека во периодот од 21 до 25 декември 2020 година се земени вкупно 182 примероци за анализа.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.